• Иван Димовски


На Паркот на принцовите се распадна ѕвездениот ансамбл, триото Лионел Меси – Нејмар – Килијан Мбапе и во тимот остана едно име – Мбапе. Французинот стана шеф во соблекувалната и го доби токму она што го посакуваше. Како и ултрасите на парискиот клуб. Ги видоа заминувањата на Кристоф Галтие, Бразилецот и Аргентинецот, како и Марко Верати. Сите беа „протерани“, само Насер Ал-Келаифи се провлече и почна да гради поинаков Пари Сен Жермен со Луис Енрике.
Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј
Трибината придонесе за големи промени кај „светците“, а пред француското Класико, ултрасите го превртеа велодромот во Марсеј. Ги построија играчите, им се закануваа и тоа резултираше со тектонски промени. Тренерот Марселино Гарсија Торал си замина, целото раководство исто ќе биде сменето, а играчите живеат во страв. Што ќе се случи ако не се вратат од Паркот на принцовите како победници? Дали тие воопшто тогаш ќе се враќаат на југот од Франција?
Пари Сен Жермен е во пад, а Марсеј е обезглавен. Лутаат по француската Лига 1. И долго време победата во Класико не им била толку важна на двете екипи, затоа што овој пат може да купи барем малку мир во куќа. Ниту еден од двата тима нема добар старт, имаат повеќе неуспешни обиди отколку победи во првенството, па во дербито ќе пука на сите страни. Запаливата атмосфера надвор од теренот не треба да се доведува во прашање... Иако Марсеј има бод повеќе, парижани се во подобра позиција. Едноставно, ПСЖ е на нов почеток и има барем еден распукан првотимец. Килијан Мбапе досега има постигнато седум гола во Лига 1, се наоѓа во добра голгетерска форма. Тој ќе прави проблеми по левата страна, додека Усман Дембеле е на десната и единствената дилема е кој ќе биде во срцето на нападот – Гонзало Рамос или Рандал Коло Муани?
Квоти за останатите натпревари во Лига 1
Со Марсеј сѐ е непознато, но нивните директни дуели не. Во три од претходните четири, беа постигнати три или повеќе гола, обично Пари Сен Жермен излегуваше како победник. Истовремено, тимот добро почна и во Лигата на шампионите. Не беше убедлив против Борусија Дортмунд (2-0), но и тоа беше доволно барем малку да ја подигне самодовербата пред францускиот Класик.