ПСЖ е „тврд орев“: Одби понуда од 100 милиони плус Бејл, Џејмс и Навас од Реал

ПСЖ Нејмар

Француски „Л'Екип“ открива дека Реал Мадрид ја испратил првата сериозна понуда од ПСЖ за Нејмар.

Флорентино Перез е подготвен да плати 100 милиони евра и дополнително да се откаже од Герет Бејл, Џејмс Родригез и голманот Кејлор Навас. Но, ниту тоа не е доволно за францускиот гигант, кој тврди дека нема да се ослободи од својата ѕвезда доколку не ги врати сите вложени пари во него.

Претходно, Барселона неколку пати се обиде да склучи соработка, но и таа доби негативен одговор од парижани. Управата не сака да слушне за понуда во која клубот нема да испадне како голем победник.

Бразилецот не игра и не планира да биде дел од тимот оваа сезона. Тој поднесе барање за трансфер, но ќе мора да се надева и да чека задоволителна понуда на маса од шпанските екипи кои се заинтересирани за него.

Рокот за остварување на било како договор истекува на 2 септември, кога завршува летниот преоден рок.