„ПСЖ е луксузна стоковна куќа, а Меси е беспомошен и фрустриран“

Францускиот првак ПСЖ сезонава повторно ги разочара своите навивачи со предвременото испаѓање од Лигата на шампионите. „Светците“ беа исфрлени од елитата од Баерн, а легендата на баварскиот клуб, Филип Лам реши многу отворено да зборува за францускиот шампион и Лионел Меси.

Исто како и минатата сезона, ПСЖ беше елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите. Минатата сезона беа поразени од Реал Мадрид, а оваа сезона од Баерн Минхен, кој ги победи во двата натпревари. Иако тим со ѕвезди како ПСЖ треба да гарантира многу подобар пласман во Лигата на шампионите, нешто едноставно не е во ред со парижаните и трофејот во Лигата на шампионите уште им е неостварлив сон. Најпрво Баерн славеше со 0-1 во Париз со голот на Коман, а на почетокот на март триумфираше и во Минхен со 2-0 .

Легендата на германскиот шампион, Филип Лам многу отворено проговори за ПСЖ. На навивачите на овој клуб сигурно нема да им се допаднат зборовите кои ги кажа, но јасно е дека целосно е во право.

„ПСЖ уште еднаш ги разочара своите навивачи. Нивните надежи за нешто поголемо од освојување на Лига 1 умираат секоја година.

Во Минхен не видов каков квалитет има овој тим, а со овие играчи треба да има обликуван тим. Тие са огромно разочарување. Овој смешно скап клуб е како луксузна стоковна куќа. Катар инвестираше милиони евра во него и додека политичката стратегија функционира, нивото на тимот останува разочарување“, смета Лам.

Лионел Меси потфрли на двата натпревари, и во Париз и во Минхен, а Лам многу отворено ги коментираше неговите настапи.

„Меси е дел од тимот, а истото може да се каже и за Мбапе. Лео изгледаше беспомошно и фрустрирано“, заврши поранешниот фудбалер на Штутгарт и Баерн.

Покрај елиминацијата од Европа, ПСЖ е веќе надвор и од трката за титулата во Купот и Лига Купот на Франција