• Иван Димовски
Екипата на Пари Сен Жермен запиша петта победа во француската Лига 1, на домашен терен против Рен со 3-1 (1-0). Пресметката на „Паркот на принцовите“ мина во знакот на домашниот тим кој по ремито во минатата рунда, се врати на победничките патеки во француското првенство.
- Извештај од натпреварот:
На самиот старт парижани постигнаа гол преку Маркињос, меѓутоа ВАР собата укажа на недозволена позиција. По половина час игра беше отворен резултатот, погоди Бредли Баркола по асистенција на Дембеле (1-0).
До полувремето немаше промени на резултатот, а ниту на стартот на продолжението. Во вториот дел на 2-0 успеа да зголеми Ли Канг-Ин во 58. минута. Десет минути подоцна Бредли Баркола со вториот свој гол погоди за 3-0.
Финишот од мечот му припадна на Рен. Калимуендо од пенал намали на 3-1, а потоа гостите имаа и поништен гол преку Сеиду. На крајот ПСЖ успеа да впише петта првенствена победа со која се одржа на врвот на табелата со три бода повеќе од Марсеј.