ПСЖ добива мега-засилување од Интер за 70 милиони евра

Милан Скриниар

Францускиот првак Пари Сен Жермен работи на ново име во одбраната. Тоа е Милан Шкрињар од Интер, кој е се поблизу до реализација на договор со „светците“ од Париз.

Интер одби неколку понуди од клубот од градот на светлината, меѓутоа, како што пишува „Газета дело спорт“ словачкиот стопер ќе замине во Франција за сума од 70 милиони евра.

Скрињар во ПСЖ ќе заработува плата од 7,7 милиони евра. Личните услови се договорени, останува уште Интер да ја прифати понудата, за која од Газета веруваат дека е доволна за управата на „нераѕурите“.

Словакот игра во Интер од 2017 година, а за пет сезони настапи на 215 меча.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.