• Мартин Танасковски

Екипата на Пари Сен Жермен нема конкуренција во Франција. „Светците“ забележаа нова победа, го добија Тулуз на гости (0-1) и остануваат на врвот на табелата со висок плус во однос на најблиските следбеници.
- Извештај од натпреварот:
Од второпласираниот Марсеј, ПСЖ бега десет бода, додека од третопласираниот Монако, тимот бега цели 16 бода. Тешко е дека некој ќе успее до крајот на сезоната да го сопре налетот на овој тим кон титулата.
Но, ќе се напаѓа и финиш на Лига 1 без пораз. Победата во рамки на 22. коло за ПСЖ ја донесе Фабиан Руиз, кој во листата на стрелците се запиша во 52. минута од натпреварот на „Паркот на принцовите“.
Во следното коло на Лига 1, ПСЖ гостува кај големиот ривал Лион.