ВИДЕО: ПСЖ без Меси и Нејмар со пресврт славеше дома со Анжер

Фудбалерите на ПСЖ со пресврт дојдоа до цел плен во домашната пресметка против Анжер (2-1), во првиот дуел од десеттото коло на Лига 1. Домаќинот на „Паркот на принцовите“ имаше негатива, ама со добра игра и многу акции успеа да го сврти резултатот и дојде до триумфот. 

  • Извештај од натпреварот: 

Маурисио Почетино мораше да експериментира со стартниот тим бидејќи ги немаше јужноамериканците кои играа за репрезентациите, па во првиот состав се најдоа Рафиња, Данило Переира, Херера, Дагба...Сепак, парижани тргнаа добро. Мбапе во два наврати се закани на самиот старт, а по него шанси редеа Рафиња, Икарди и Дагба. На спротивната страна, пред голот на Донарума шанси имаа Буфал и Фулњини. Токму Софиан Буфал во 36. минута од натпреварот успеа да го отвори резултатот во 36. минута, па Анжер поведе со 0-1. 

ПСЖ мораше да нападне, Рафиња и Мбапе не успеаја на почетокот на полувремето. Израмнувачкиот погодок го даде Данило Переира, во 69. минута од натпреварот по добар центаршут од Мбапе. Португалецот со глава го матираше Бернардони за 1-1. 

Фаворитот доби пенал, откако имаше игра со рака на еден од дефанзивците во шеснаесетникот. Одговорноста ја презеде Килијан Мбапе и успеа да реализира, за во 87. минута Пари Сен Жермен да го комплетира пресвртот (2-1) и да дојде до цел плен на овој натпревар. 

По десет кола, ПСЖ е лидер со 27 бода, со девет победи и еден пораз во минатото коло до Рен, додека Анжер е четврти со 16. 

Состави

Луис Енрике

4-3-3

    Alexandre Dujeux

    3-4-1-2