ПСЖ беше само „лажен аларм“, Гризман од 1 јули се сели на „Камп Ноу“

Откако пред неполн месец објави дека го напушта Атлетико Мадрид, нема ден да не помине, а да не се појави нова шпекулација поврзана со иднината на Антоан Гризман. Сепак, се чини дека „сапуницата“ се ближи кон самиот крај. 

Пред неколку дена француско радио објави дека ПСЖ се вклучи во трката за Гризман и ќе се обиде да му го украде на Барса. Брзо следуваше демант од „Ле Паризиен“, кој пред два дена објави дека Барса е единствениот клуб за кој размислува напаѓачот. Индиректна потврда стигна и синоќа од Андора, каде Гризман зборуваше за шпанските медиуми.

„Не сум го сменил мислењето. Од самиот почеток сакав да играм само за една екипа и ќе играм таму. Бидете стрпливи, знам дека сакате да знаете детали, но уште малку време е потребно за да се расчистат работите. И јас сум нестрплив, но мора да се чека“, изјави Гризман.

Според клаузулата во договорот, од 1 јули наместо 200, секој клуб кој сака да го доведе Гризман може тоа да го стори за 120 милиони евра и тоа е причината заради која трансферот на Французинот во Барса уште не е официјализиран.

„Мундо Депортиво“ на насловната страница на својот утрешен број донесува напис, во кој јасно става дознаење дек Гризман сака да потпише само за Барса и за ниту еден друг клуб.

  • Насловната страница на „Мундо Депортиво“: