• Иван Димовски


Моќта на „Ајброкс“ ја почувствува и белгискиот вицешампион Унион Сен Жилоаз, кому ниту 2-0 од првиот меч не му беа доволни за пласман во плеј-офот од Лигата на шампионите. Сепак, ПСВ е за класа посилен тим од Белгијците, и е решен оваа сезона да игра во Лигата на шампионите, па останува да видиме како ќе се снајде тимот на Ајндховен во пеколот во Глазгов.
Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Глазгов Ренџерс и ПСВ
Избраниците на Руд ван Нистерлој веќе покажаа завиден квалитет во двомечот со Монако. Многу непријатна ситуација за себе ја претворија во голема прослава во Ајндховен и добија дополнителна доза на самодоверба. ПСВ доста жестоко го започна домашниот шампионат, па се добива впечаток дека овој двомеч го дочекува во вистинска форма.
Сепак, Ренџерс е сериозна конкурентна екипа. Минатата сезона многумина беа склони да го отпишат предвреме во Европа, но на крајот тој отиде во финалето и дури по изведувањето пенали беше поразен од Ајнтрахт.
Квоти за останатите натпревари во квалификациите за ЛШ
ПСВ е благ фаворит бидејќи има брза игра и индивидуално подобри поединци, но избраниците на Џовани ван Бронхорст се вистински специјалист за неутрализирање на квалитетите на противникот. Кога станува збор за првиот меч, немаме дилема, очекуваме прилично цврст натпревар и малку голови, со оглед на тоа што влогот е голем. Ниту реми не би нѐ изненадило. Одлуката ќе биде донесена на „Филипс Арена“.