ВИДЕО: ПСВ Ајндховен за едно полувреме го прегази немоќниот Ајакс

Екипата на ПСВ Анјдховен забележа голем триумф во дербито со ривалот Ајакс (3-0) и остана перфектен во холандскиот шампионат, со седум победи по седум одиграни меча.

Се очекуваше далеку повозбудлив натпревар на „Филипс Арената“ во Ајндховен, но домаќинот беше немилосрден и уште во првото полувреме го реши прашањето околу победникот.

Во 21. и 24. минута два брзи гола во мрежата на Ајакс постигнаа Переиро и Де Јонг, а точка стави Лозано, во 35. минута од средбата. До финишот на мечот и двата тима имаа свои блесоци, но не успеаја да го најдат патот до мрежите.

ПСВ со овој триумф ја продолжи победничката серија над Ајакс на домашен терен. За Ајакс ова беше прв пораз во новата сезона.