ВИДЕО: ПСВ му „дише во врат“ на Ајакс, лесно совладан Вилем 2! 

Екипата на ПСВ Ајндховен ја продолжува својата битка за шампионската титула во домашниот шампионат и повторно се „залепи“ Ајакс со идентични 80 бода.

Сепак, и покрај убедливата победа над Вилем 2 од 0-3, ПСВ остана на втората позиција на табелата, заради фантастичната гол разлика на шампионот од 111-30, наспроти 95-24 на тимот на Вам Бомел. До крајот на Ередивизие има уште две кола и само чудо може да го спречи тимот од Амстердам повторно да се искачи на врвот на холандскиот фудбал. 

Што се однесува до вечерашниот меч, кој се играше во рамки од 32. коло, ПСВ полесно од очекуваното го скрши отпорот на домаќините. Мејлен, Садилек и Бергвијн го пронајдоа патот до мрежата на противникот и на својот тим му донесоа значајна победа во борбата за титулата со големиот ривал. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во следното коло ПСВ го игра дербито со АЗ Алкмар, додека Ајакс има полесна задача, бидејќи ќе се сретне со Утрехт.