• Зоран Мишевски

Холандската Ередивизие има нов шампион. Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата, откако на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со 4-2 во 32. коло. Така титулата од Ротердам се враќа во Ајндховен, каде не била седум сезони.
Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Јоан Бакајоко во 26. минута, Оливие Боскаљи во 67. минута и Џордан Тесе во 78. минута. Метињо и Боскаља (автогол) погодија за Спарта.
ПСВ Ајндховен собра со 87 бодови, а второпласираниот Феенорд има 75 бодови и меч помалку. Клубот од Ајндховен стигна до 25. титула во клупската историја, прва по 2018 година.