• Иван Димовски

Екипите на Арсенал и ПСВ Ајндховен одиграа нерешени 2-2 (2-1) во рамките на реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Средбата на „Емирати“ беше само формалност, откако „топчиите“ славеа со огромни 1-7 на гостувањето во Холандија. Поради тоа момците на Микел Артета одиграа растеретено и без притисок, чувајќи сили за следните предизвици.
- Арсенал - ПСВ 2-2:
Поради тоа Шпанецот им даде поштеда на дел од ѕвездите, па мечот од клупата го почнаа Одегард, Парти, Салиба, Нванери, Тросар, Тимбер... И покрај комбинираниот состав Арсенал стигна до рана предност, откако Олександр Зинченко стрела за 1-0 уште во шестата минута од средбата по асистенција на Стерлинг. Набргу Холанѓаните успеаја да се вратат во игра преку ветеранот Иван Перишиќ кој во 18. минута погоди за израмнување (1-1).
До полувремето домашната предност ја врати Деклан Рајс по втората асистенција на Рахим Стерлинг за 2-1 на паузата. Во вториот дел Арсенал одигра мирно и без преголем интензитет, а тоа ПСВ го искористи за да дојде до егал. Течеше 70. минута кога Кухаиб Дриуч погоди за 2-2, резултат кој се испостави како конечен и тимот на Питер Бош со респектабилно реми се прости од натпреварувањето.
Астон Вила без потешкотии стигна до уште една победа над Клуб Бриж, овојпат од 3-0 (0-0) на својот „Вила Парк“. Откако во Белгија англискиот тим славеше со 3-1, гостите на реваншот бргу останаа без реални шанси за кам-бек бидејќи уште во 17. минута Сабе доби црвен картон. Иако Клуб Бриж се одбрани до полувремето, во второто следеше целосен пад.
- Астон Вила - Бриж 3-0:
За тимот на Унаи Емери предност донесе Марко Асенсио во 50. минута откако влезе од клупата, а само седум подоцна Иан Матсен зголеми на 2-0. Дека игра во одлична форма Асенсио потврди со вториот погодок кој дојде во 61. минута за рутинска завршница на средбата и уште една голема победа.
Ареснал во четвртфиналето оди на подобриот од дуелот на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, додека Астон Вила ќе го предизвика ПСЖ.