ВИДЕО: ПСВ губеше 2-0, па победи и ја исфрли Севиља од елитата!

Фудбалерите на ПСВ запишаа голема победа и направија исчекор кон осминафиналето во Лигата на шампионите, откако со голем пресврт славеа кај Севиља со 2-3 (1-0). Дуелот од групата Б понуди многу драма, домаќинот на „Рамон Санчез Писхуан“ поведе со 2-0 и имаше еден поништен погодок, ама потоа во завршните 25 минути дозволи три гола во својата мрежа и беше елиминиран од елитата. 

  • Извештај од натпреварот:

Севиља успеа да дојде до предност во 24. минута со голот на Серхио Рамос. Дефанзивецот доби нафрлена топка по слободен удар и ја претвори во погодок за 1-0. Пред полувремето андалужани успеаја и вторпат да ја стресат гостинската мрежа, погоди Џибрил Соу, ама по реакција на ВАР собата голот беше поништен поради игра со рака. Тоа не ја разниша самодовербата на Севиља, бидејќи на самиот старт на второто полувреме, веќе во 47. минута предноста беше удвоена. Маркос Акуња нафрли, а Јусеф Ен Несири стрела за 2-0 со одличен лоб удар. 

Реакцијата на ПСВ беше одлична, Холанѓаните не се предадоа и тргнаа да се надигруваат. Веројатно клучен момент беше глупавото исклучување на Лукас Окампос кој за неколку минути доби два жолти картони и го заврши натпреварот. Непосредно по црвениот картон Исмаел Саибари намали на 1-2 во 68. минута. Севиља ја бранеше предноста до пред крајот на мечот, но во 81. Немања Гудељ ја стресе сопствената мрежа за 2-2. Шпанците очајно го очекуваа крајот и се надеваа барем на бод, ама во втората минута од судиското продолжение Рикардо Пепи со глава по нафрлување од Вертесен стрела за пресврт и конечните 2-3. 

ПСВ со осум бода е на второто место зад Арсенал, Ленс има пет и два меча помалку на контото (со Арсенал и Севиља), додека шпанскиот тим математички остана без шанса за осминафинале во Лигата на шампионите.

Состави

Quique

4-3-3

    Peter Bosz

    4-3-3