ВИДЕО: Рекордерот ПСВ го уништи Ајакс во холандскиот Суперкуп

ПСВ Ајндховен одлично ја најави сезоната во холандскиот фудбал и во првиот елитен натпревар убедливо го совлада ривалот Ајакс (0-4) во рамки на Суперкупот.

  • Извештај од натпреварот:

„Копјаниците“ важеа за апсолутни фаворити, пред се затоа што ПСВ продаде неколку важни играчи и плус игра во квалификациите за Лигата на шампионите, меѓутоа, на терен работите беа спротивни и тимот од Ајндховен забележа голем триумф вреден пехар.

Уште во втората минута на Ајакс му се најави дека ќе има проблеми на овој дуел, откако Мадуеке погоди по асистенција на Ван Гинкел. Во 14. минута, домаќинот на „Јохан Кројф“ успеа да изедначи преку Халер, но ВАР реагира и го поништи голот поради офсајд. Десетина минути подоцна, Мадуеке го постигна вториот гол, а капак на проблемите на Ајакс беше директниот црвен картон кој го доби Таљафико.

Во вториот дел ПСВ играше далеку порастеретено, па успеа да ја запечати победата во финишот од мечот. Во 76. минута мрежата на Ајакс третпат ја стресе Јорбе Вертесен, а потоа во 90. минута Белгиецот се претвори во асистент, а погоди и Марио Геце.

За ПСВ Ајндховен ова беше дванаесетти трофеј во холандскиот Суперкуп кој исто така е наречен и „Јохан Кројф Куп“, што е апсолутен рекорд.