ВИДЕО: ПСВ го преживеа „пеколот“ во Ротердам и го освои Суперкупот

ПСВ Ајндховен е освојувач на холандскиот Суперкуп, откако во „пеколот“ во Ротердам беше поснаодлив и славеше над актуелниот шампион Феенорд со минимални 1-0. 

Според прикажаното на теренот, може да се каже дека ПСВ Ајндховен сосема заслужено стигна до првиот сезонски трофеј во Холандија и по третпат во низа го освои Суперкупот „Јохан Кројф“ (четиринаесетти во историјата). 

  • Извештај од натпреварот: 

Единствениот гол на натпреваорот беше дело на Ноа Ланг, кој е најскапото засилување во историјата на клубот и пристигна од Клуб Бриж за 15 милиони евра. Тој неодамна се приклучи на тимот и веднаш почна да ја оправдува големата доверба со блескави партии во дресот на ПСВ Ајндховен.

Се играше 79. минута кога Ланг ја затресе мрежата на домаќините и се чинеше дека Феенорд нема сили да се врати во натпреварот. ПСВ Ајндховен умешно ги затвори приодите кон својот гол и го завери триумфот на „жешкиот“ терен кај еден од најголемите ривали.