• Горан Упале
ПСВ Ајндховен продолжува без пораз во новата сезона, откако славеше со 1-3 на гостувањето кај Ајакс во дербито на четвртото коло.
- Извештај од натпреварот:
Гостите поведоа уште во 5. минута преку Пепи, но Ајакс брзо возврати и израмни во 23. минута со голот на Арокодари. Сепак, ПСВ повторно стигна до предност во судиското продолжение од првото полувреме, кога погоди Гертруида.
Ајакс во вториот дел се обидуваше да се врати во натпреварот, но ПСВ успеа да ја сочува предноста, а во 92. минута Есмит Бајрактариќ ги постави конечните 1-3.
За гигантот од Амстердам ова беше прв пораз сезонава, по две победи и едно реми. ПСВ, пак, продолжува со одличниот старт и по четири кола има три победи и едно реми, без пораз.




