ПСВ без најдобриот против Ајакс за трофејот во „Јохан Кројф Шилд“

Иако се работи за големо дерби во холандскиот фудбал, освојувачот на двојната круна од Амстердам не би требало да има тешка задача во мечот за уште еден трофеј. ПСВ за време на летото остана без најдобриот стрелец Донјел Мален кој за триесет милиони евра замина во Борусија Дортмунд, додека Ајакс од редовите на најлутиот ривал Феенорд го доведе фантастичниот Стивен Берхујс, играч кој минатата сезона учествуваше во преку триесет гола за тимот од Ротердам.

Неговиот ангажман и останувањето на Душан Тадиќ, кој го сакаше италијанскиот великан Милан, сигурно ќе донесат голема самодоверба за „копјаниците“ од Амстердам.

Сите квоти за натпреварот од Суперкупот на Холандија

Фудбалерите на Ајакс беа ефикасни за време на подготовките, а најсилните проверки ги имаа против водечките екипи од Германија, Баерн Минхен и РБ Лајпциг. Двете средби завршија со нерешен резултат – беше 2-2 против Баерн, а 1-1 против тимот од источна Германија.

Што се однесува до ПСВ, екипата од Ајндховен е во голем натпреварувачки ритам, затоа што зад себе има веќе три натпревари во квалификациите од Лигата на шампионите на кои запиша три победи.

Прво го елиминира Галатасарај (2-1, 3-0), а потоа во вторникот го победи Мидтјиланд со 3-0 во првиот меч од третото коло во борбата за влез во елитниот европски фудбал. Суперкупот доаѓа меѓу двете средби со данскиот шампион, така што тешко дека Роџер Шмит на мегдан со Ајакс ќе излезе со најсилниот тим. Попрво би можеле да очекуваме дека ќе одмори некои од најдобрите играчи, а тоа дополнително ја зголемува улогата на фаворит кај домаќинот на овој дуел.