ВИДЕО: ПСВ Ајндховен се израмни со Ајакс по тешката победа над Ден Хаг

Шампионот ПСВ Ајндховен му одговори на Ајакс и вчерашната победа во Гронинген и попладнево на „Филипс стадиум“ го совлада Ден Хаг со 3-1 (1-0) во последниот натпревар од 31. коло на Ередивизие.

„Филипсовците“ на Марк ван Бомел пак имаа многу проблеми, но најдоа начин да го скршат дефанзивниот гостин. Дензел Думфрис во 20. минута го отвори резултатот и им ја олесни задачата на домаќините. Овој резултат беше активен до самиот финиш кога Лук Де Јонг во 83. минута погоди за 2-0.

Во последните две минути до регуларниот тек паднаа два гола. Најнапред, Ден Хаг намали со голот на Томаш Нецид, а потоа Донјен Мејлен ги постави финалните 3-1.

  • Извештај од натпреварот: 

На три кола до крајот Ајакс и ПСВ Ајндховен остануваат со ист број на бодови, но значајна предност има Ајакс заради подобриот меѓусебен скор и во случај на ист број на бодови ќе ја освои титулата.