ПСВ Ајндховен разгледува можност да си ја врати старата ѕвезда

Холандскиот гигант ПСВ Ајндховен сериозно разгледува можност во тимот повторно да го врати Мемфис Депај.

28-годишниот крилен играч замина во Барселона, но според најавите ќе менува средина во текот на летниот преоден рок затоа што Чави не го гледа во неговата формација. Беше донесен да го замени Меси, на 24 натпревари досега даде девет гола.

Мемфис Депај го носеше дресот на ПСВ Ајндховен од 2011 до 2015 година. Потоа настапуваше и за Манчестер Јунајтед и Лион.

За напаѓачот нескриен интерес имаше и од италијански клубови, пред сите лидерот во Серија А, Наполи.