• Горан Упале
ПСВ Ајндховен го освои својот прв трофеј во сезоната, освојувајќи го Суперкупот на Холандија. Шампионот во Ередивизие во денешниот натпревар славеше над Гоу Ахед Иглс со 2-1 (0-1).
Куп-освојувачот поведе во 35. минута, откако по брилијантен контранапад и центаршут на Џејмс, топката во противничката мрежа ја смести Матијас Сурај.
„Орлите“ се држеа до 78, минута, кога дефанзивецот Герит Наубер несмасно ја затресе сопствената мрежа. Шест минути подоцна, Сержињо Дест стрелаше со прецизен и моќен удар, носејќи му го трофејот од Суперкупот на својот ПСВ Ајндховен.
Холандската Ередивизие започнува следниот викенд, а Фортуна и Гоу Ахед Иглс ја отвораат сезоната во петок.

