• Сашо Поповски

Екипата на ПСВ Ајндховен ја одбрани шампионската титула во Холандија, откако во последното коло славеше над Цволе со 1-3 (0-2).
Екипата на Филип Коку го искористи киксот на Ајакс на гостувањето кај Де Графшап 1-1 (0-1) и со два бода повеќе од „копјаните“ стана шампион.
Два гола на Локадија и еден на Лук Де Јонг беа доволни за убедлива победа на ПСВ, кој во неизвесна завршница повторно стигна до шампионскиот трофеј.
45 - Luuk de Jong's 45 goals for PSV in the Eredivisie:
23 - Headed
12 - Right footed
10 - Left footed.
Breakdown.— OptaJohan (@OptaJohan) May 8, 2016
Доколку Ајакс славеше на својот натпревар, гол разликата ќе одлучуваше, а екипата од Амстердам ја имаше таа предност.
Ова е 23. титула во историјата на ПСВ, кој се уште заостанува зад својот најголем ривал, Ајакс, кој е рекордер со 33 титули.