ВИДЕО: ПСВ Ајднховен едвај го „скрши“ Де Графшап и се врати на врвот на табелата

ПСВ Ајндховен се врати на лидерската позиција во Ередизие со тешко извојуваната победа против Де Графшап со 2-0 (0-1) во првиот неделен натпревар од 30. коло. На четири кола до крајот на шампионатот бројот на бодови со Ајакс им е еднаков и нијанси ќе реашваат за титулата.

Делано во 26. минута го шокира „Филип Стадиум“ и гостите неочекувано поведоа. Следуваше нервоза кај избраниците на Ван Бомел, па дури во второто полувреме шампионот личеше на себе. Најнапред, Бергвиј од пенал во 65. минута израмни на 1-1, а осум минути подоцна Лук де Јонг го постигна победоносниот гол за ПСВ Ајндховен.

  • Извештај од натпреварот:   

Во следното коло Ајакс гостува во Гронинген, а ПСВ Ајднховен го пречекува Ден Хаг.