Првпат македонски фудбалер е МВП во ЛШ: Адеми лидер во победата над Челзи!

За првпат еден македонски фудбалер е најдобар поединец на натпревар од Лигата на шампионите, откако пред неколку години започна прогласувањето по секој натпревар. Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми е прогласен за најдобар играч во победата на Динамо Загреб против големиот Челзи

Со голот на Мислав Оршиќ првакот на Хрватска го совлада претпоследниот шампион на Европа и го приреди најголемото изненадување во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. 

Како и на секој натпревар, Адеми беше лидер, претрча најмногу, вгради квалитет и квантитет во играта на својот тим и заслужено го доби признанието од Европската фудбалска унија (УЕФА).

Со овие три бода Динамо може да продолжи да сонува за фудбалска пролет во евро-куповите, без разлика дали тоа ќе биде во Лигата на шампионите или Лига Европа. 

Состави

Анте Чачиќ

3-5-2

    Грем Потер

    3-4-3