ВИДЕО: Прволигашите нека „љубоморат“ - Јужноамериканска атмосфера на дербито на тиквешијата!

Екипите на Тиквеш и Вардар Неготино во рамки на Втората лига го играат дербито на тиквешијата, а на трибините е вистински фудбалски празник.

Навивачите на двата клуба кои се големи ривали уште на стартот приредија вистинска фешта, а атмосферата може да се нарече - јужноамериканска! На трибините кај гостинската навивачка група има дури и труби кои дополнително ја загреваат атмосферата и ја водат навивачката песна.

Во продолжение, погледнете како почна дербито меѓу Тиквеш и Вардар Неготино: