Прволигашко засилување за Охрид, во клубот се врати Александар Ѓорѓиески

Екипата на Охрид во следната сезона на Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) ќе биде посилна за играч со прволигашко искуство. 

Во таборот на охриѓани се враќа Александар Ѓорѓиески, кој ќе настапува на позајмица од редовите на Македонија Ѓорче Петров. „Лавовите“ го договорија младиот играч по заминувањето од Борец ова лето, но тој ќе замине по минутажа во Охрид. 

Ѓорѓиески потекнува од младинската школа на Вардар. За „црвено-црните“ имаше еден официјален настап, пред да се пресели во Охрид во 2019 година. По две сезони крај езерото, Ѓорѓиески минатата сезона играше за Борец во ПМФЛ, а сега повторно ќе ја задолжи опремата на охриѓани. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.