• Горан Упале

Раководството на Гостивар не застанува кога во прашање зимските засилувања на тимот, откако денес претстави уште едно ново име во својот ростер.
Нов член на амбициозниот прволигаш е Андреј Кировски, фудбалер кој што настапива во дефанзивната линија и во пролетниот дел од сезоната го носеше дресот на Работнички. Младинскиот репрезентативец, своевремено беше дел од академијата на Вардар, а краток период имаше и интернационална авантура во Динамо Загреб.
Гостивар одигра одлична полусезона и презими на лидерската позиција во ВМФЛ лига со 37 бодови, еден повеќе од Вардар.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.