Прво засилување за Пелистер, во Битола пристигна Русинот Захар Тарасенко

Управата на македонскиот прволигаш Пелистер ја инфорира јавноста дека нов играч на битолските „зелено-бели“ е рускиот интернационалец Захар Тарасенко

27-годишниот Тарасенко пристигнува од ерменскиот шампионат и настапува на позицијата лево крило, но функционира и како класичен напаѓач, а стручниот штаб од него очекува да биде солидно засилување за остатокот од сезоната. Во дресот на Вест Армениа постигна 15 гола во вкупно 46 одиграни натпревари. 

Битолчани пред само неколку дена ги започнаа подготовките со старо-новиот тренер, Срѓан Захариевски, а наскоро се очекуваат уште 2-3 нови засилувања кои ќе треба да помогнат за подобар пласман на табелата на крајот од сезоната во ПМФЛ

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.