Прво засилување за Интер: Се врати синот на Дејан Станковиќ!

Италијанскиот шампион, Интер, официјално соопшти дека го активираше правото за откуп на Александар Станковиќ од Клуб Бриж, за кого „нероаѕурите“ платија 23 милиони евра. 

Играчот од средниот ред, роден 2005 година, се враќа во Милано со постојан трансфер и потпиша договор кој има важност до крајот на јуни 2031 година. 

Станковиќ имаше одлична сезона во Бриж, беше прогласен за најдобар млад играч во лигата, бележејќи учинок од шест гола и две асистенции. Во Лигата на шампионите впиша три гола и две асистенции зад своето име. 

Деновиве се шпекулираше дека управата на Интер би можела да го продаде во Англија за дупло поголема сума, но засега нема конкретни информации за таков потег.