ВИДЕО: Прво коло и веќе го имаме промашувањето на сезоната во Хрватска!

Првенството само што започна, а се чини дека го имаме промашувањето на сезоната во хрватскиот фудбал. 

Иван Мамут, напаѓачот на Вараждин, го промаши невозможното во последниот натпревар од првото коло од НХЛ против Горица. Натпреварот заврши без победник (1-1), а токму Мамут имаше шанса да донесе три бода за својата екипа.

Но, не погоди празен гол од само неколку метри! По една акција по десната страна Маглица шутираше, а Давор Матијаш успешно одбрани. Сепак, на одбиената топка налета Мамут, кој пред себе имаше празна мрежа, но на неверување на сите не ја смести топката во посакуванoто место, туку ја погоди гредата. 

Инаку, Мамут по двегодишната авантура во Малезија се врати во Хрватска и летово потпиша за Вараждин.