Прво големо засилување за Слот во Ливерпул, доаѓа бек од Леверкузен!

Ливерпул го обезбеди потписот на холандскиот десен бек Џереми Фримпонг од редовите на Баер Леверкузен.

Англискиот гигант ја активираше откупната клаузула од 35 милиони евра и веќе го извести германскиот клуб за намерата да ја финализира зделката. Според информациите, Фримпонг ќе потпише договор на пет години, а лекарските прегледи се веќе закажани.

Личните услови се целосно договорени, па Фримпонг се очекува да стане првото големо засилување на „црвените“ во новата ера под водство на Арне Слот.

Холанѓанецот игра во одлична форма во Леверкузен и беше еден од клучните играчи во шампионската кампања на тимот на Чаби Алонсо.