ВИДЕО: Првиот трофеј во Франција за ПСЖ, Мбапе и Ли енигма за Тулуз

Првиот трофеј сезонава во францускиот фудбал заминува во рацете на ПСЖ. Фаворитот беше подобар од Тулуз (2-0) во рамки на Суперкупот на Франција и го освои рекордното 12. одличје во натпреварувањето.

  • Извештај од натпреварот:

Со доминантно прво полувреме, тимот дојде до титулата пред своите гледачи на „Паркот на принцовите“. Уште во 3. минута Дембеле го проигра Ли Канг-Ин, а тој донесе предност, за потоа во 44. минута најдобриот играч на „светците“ Килијан Мбапе да ги постави конечните 2-0.

ПСЖ доминира во ова натпреварување, за екипата ова е десетта титула во последните единаесет изданија на Суперкупот. Единствена екипа која ја прекина доминацијата на „светците“ беше Лил во 2021 година.

Состави

Луис Енрике

4-3-3

    Carles Martinez

    4-2-3-1