Првиот тест за Работнички ова лето ќе биде бугарска Славија

Третопласираната екипа во изминатата сезона во ПМФЛ, Работнички закажа пријателска средба против Славија од Софија на 18 јуни, со која ќе ги започне летните подготовки.

Избраниците на Ѓоре Јовановски одиграа солидна пролетна сезона во македонскиот шампионат и заслужено се изборија за квалификации за Лига Европа (ЛЕ). Подготвителниот период ќе започне со гостувањето во Бугарија, а истото без многу размислување го прифати стручниот штаб на клубот.

Словенија ќе биде базата на „романтичарите“ овој месец, а првиот собир ќе биде направен на 11 јуни.