• Мартин Танасковски
Македонската фудбалска репрезентација ги врши последните подготовки пред натпреварот против Гибралтар во Лигата на нациите, а јавноста во нашата земја ќе може да го следи првиот меч во натпреварувањето на „црвено-жолтите“ само на странски ТВ-канал.
За мечот во Гибралтар, правата ги откупи „Спортклуб“. Нашите ТВ-куќи не успеале да се изборат за преност во борбата со далеку помоќниот „ривал“, па така, дуелот ќе се емитува на вториот канал на „Спортклуб“ кој ги има во целост правата за натпреварите од Лигата на нации.
Натпреварот меѓу Гибралтар и Македонија се игра утревечер (четврток) од 20:45 часот и ќе биде прв меѓусебен за двете репрезентации во историјата.