Првиот фаворит за титулата гостува во Лисабон

Сити

Спортинг само еднаш успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите и тоа во сезоната 2008/2009. Тогаш налета на Баерн и забележа два понижувачки порази - на првиот меч во Лисабон беше 0-5, а на реваншот во Минхен 7-1 и тој биланс 12-1 и денеска е најубедливиот севкупен пораз во ова натпреварување. Среќата не им беше наклонета на „лавовите“ ни тринаесет години подоцна, бидејќи тие ќе играат со еден од најсилните можни ривали, а Манчестер Сити понекогаш знае да биде исто толку суров како баварската машина.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Лигата на шампионите >>>

„Граѓаните“ девети пат по ред ја минаа групната фаза, а во последните четири сезони стигнаа најмалку до четвртфиналето. Сепак, тоа воопшто не ги задоволува нивните апетити, бидејќи за клуб во кој се инвестира толку многу, успех може да се смета само освојување на пехарот, до кој гостите беа најблиску лани, кога загубија од Челзи со 1-0 во финале на „Драгао“. Интересно е што Бразилецот Габриел Жесус постигнува барем по еден гол на петте настапи оваа сезона во Лигата на шампионите, но сега сè уште не е целосно закрепнат од повредата и тешко дека на него ќе смета менаџерот Пеп Гвардиола.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Спортинг - Манчестер Сити >>>

„Лавовите“ во петокот во Порто одиграа возбудливо (и богато со црвени картони) дерби. Водеа со 2-0, па „змејовите“ израмнија, а голманот на Спортинг Адан во последните секунди го спаси бодот (2-2). Нивната форма е солидна, но не може да се спореди со онаа во која е Сити. Гостите последниот пораз во сите натпреварувања го претрпеа на 7 декември во Лајпциг (2-1), во меч кој ништо не им значеше и оттогаш не го совладаа само Саутемптон (1-1). Затоа веруваме во двојка и 3+.