ВИДЕО: Првиот дуел на најбогатите Французи го реши еден гол!

Фудбалерите на Париз доживеаaа пораз на домашен терен, откако во првиот натпревар од 12. коло во француската Лига 1 загубија со 0-1 од Рен. Единствениот гол на натпреварот го постигна швајцарскиот интернационалец Брел Емболо во 81. минута, по асистенција на Ронжиер.

Овој дуел имаше поголемо значење од самиот резултат, бидејќи се работеше за директен судир за престиж меѓу двајца од најбогатите Французи – Бернар Арно и Франсое Пино. Арно е сопственик на Париз и е еден од најбогатите луѓе на планетата, како соосновач и извршен директор на Луј Витон, со богатство проценето на околу 150 милијарди долари.

Пино, пак, раководи со Керинг и се проценува дека 89-годишниот бизнисмен располага со околу 39,1 милијарда долари. Ривалитетот меѓу двете фамилии трае со децении и се прелива на повеќе сфери, од луксузна индустрија до спорт.

Рен со оваа победа скокна на осмото место на табелата со 18 бода, додека Париз е единаесетти со 14 бода и само една победа во последните пет кола.