• Иван Димовски

Лионел Меси минатото лето беше приморан да замине од Барселона поради финансиските проблеми на клубот. Изборот падна на ПСЖ, кој беше спремен да му даде висока плата и добри услови на Аргентинецот. Сепак, тој немаше влијание врз играта како што се очекуваше од него.
Иако делумно потфрли во настапите за „светците“, првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи, е презадоволен од неговото доаѓање. Имено, ПСЖ по доаѓањето на Меси собра приходи од 700 милиони евра, од спонзорски договори, дресови, влезници, реклами...
„Растот кој ни го донесе фактот дека Меси е во клубот се гледа најдобро во договорите со спонзорите. Досега тие носеа приход меѓу 3 и 5 милиони евра, а од минатото лето заработуваме меѓу пет и осум милиони. Не е потребен никаков коментар колку ни значи доаѓањето на Меси“, кажа Ал Келаифи.
За парижани Меси минатата сезона одигра 34 натпревари во сите конкуренции со учинок од единаесет погодоци и петнаесет асистенции. Сепак, видлив беше недостатокот на мотив за игра преку неговата незаинтересираност во некои натпревари.