• Саше Љолес
Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, беше воодушевен по пласманот на францускиот тим во финалето на Лига на шампионите, откако беше елиминиран големиот Баерн Минхен.
Ал Келаифи истакна дека овој тим на ПСЖ е создаден на сосема поинаков начин во споредба со претходните години, нагласувајќи дека тимот сега функционира како вистински колектив.
Според него, најголемата сила на парискиот состав е борбеноста и заедништвото, а токму тоа го направило ПСЖ еден од најдоминантните тимови во Европа оваа сезона.
„Пресреќни сме, сите во нашиот табор го заслужија ова. Ќе имаме шанса да се бориме за нов трофеј, тоа е навистина прекрасно. Ние немаме играчи, туку вистински воини. Сите сме заедно во оваа авантура, се надевам дека ќе има среќен крај“, рече првиот човек на „светците“.
Големи заслуги за трансформацијата на тимот му се припишуваат на тренерот Луис Енрике, кој успеа да изгради дисциплиниран и компактен состав по заминувањето на големите ѕвезди од клубот.

