Првиот човек на фудбалот во Јапонија позитивен на тестот за коронавирусот

Претседателот на Фудбалскиот сојуз во Јапонија, Козо Ташима беше тестиран позитивен на вирусот ковид-19. Според најавите, првиот човек на јапонскиот фудбал бил присутен на конгресот на УЕФА во Амстердам, по кој заразени беа и претставници од Србија. 

„Ги добив резултатите од тестовите кои потврдуваат дека сум позитивен на новиот коронавирус. Во Амстердам и Европа на почетокот од март нивoто на внимание не беше на високо ниво како сега. Сите се поздравувавме со ракување, прегратки и бакнување“, истакна Ташима. 

Тој во Европа, поточно на конгресот во Амстердам, беше присутен како би ја претставил кандидатурата на својата земја за организација на Светското првенство за играчи до 20 години.

Освен Ташима, по собирот на УЕФА позитивни на вирусот беа и Марко Пантелиќ и Славиша Кокеза, кој е прв човек на фудбалската федерација во Србија.