ФОТО: Првиот човек на ФФМ оствари средба со својот турски колега

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со неговиот турски колега, Етем Хаџиосманоглу, каде беа разменети идеи за унапредување на соработката меѓу двете федерации. 

Омерагиќ ја окарактеризира средбата како исклучително пријателска и успешна, со надеж за продлабочување на односите и зближување на двете „куќи на фудбалот“. 

Првиот човек на мак-фудбалот ѝ посака многу успех на Турција на претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико. За потсетување, Македонија загуби во контролката со Турција со убедливи 4-0.