• Саше Љолес
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, присуствуваше на состанок на „HatTrick“ комисијата на УЕФА, каде имаше разговори за тековните активности и идните приоритети оваа програма.
„HatTrick" програмата е една од најважните развојни иницијативи на УЕФА, преку која повеќе од половина од нето приходите од Европските првенства се реинвестираат во развој на фудбалот во националните асоцијации.
Омерагиќ истакна дека е горд што токму преку оваа програма, значителна поддршка добива и Фудбалска федерација на Македонија.
Со средствата од „HatTrick“ програмата се реализираат инфраструктурни и развојни проекти кои создаваат подобри услови за развој на фудбалот и младите фудбалери во Македонија.