Првиот човек на Барса: Нејмар направи сѐ, но нема да дојде кај нас во јануари!

Бразилскиот фудбалер Нејмар во летниот преоден рок беше вистински хит. Се зборуваше на големо за негов трансфер, меѓутоа не дојде до реализација и тој ќе остане во ПСЖ во новата сезона.

Како најизгледна дестинација се споменуваше Барселона. Каталонците сакаа да го вратат, но не успеаја да се договорат со ПСЖ. Претседателот на клубот, Жозеп Бартомеу, зборуваше на оваа тема во интервју.

„Нејмар направи сѐ што требаше да направи, му кажа на ПСЖ за одлуката, направи сѐ што беше можно, но оваа година тој ќе остане во Франција. Тој нема да може да ѝ се приклучи на Барселона во јануари“, изјави Бартомеу.

Нејмар претходно играше за Барселона, но во 2017 година се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.