• Горан Упале
Веќе неколку години се зборува за евентуално заминување на темпераментниот Аргентинец од позицијата шеф на стручниот штаб на Атлетико Мадрид, но ништо нема да произлезе од тоа, барем засега.
Претседателот на црвено-белите од Мадрид, Енрике Серезо, ги негираше разните гласини за разделбата со Диего Чоло Симеоне од таборот на популарните „јорганџии“.
„Диего Симеоне сигурно ќе продолжи со нас и следната сезона“, кратко изјави првиот човек на Атлетико.
Договорот со тренерот со најмногу трофеи во историјата на Атлетиката истекува во јуни 2027 година. Во изминатите неколку дена се споменуваше дека Јирген Клоп би можел да го замени на лето, но тие гласини брзо беа демантирани од агентот на поранешниот стратег на Ливерпул и Борусија Дортмунд.
Атлетико Мадрид чека борба за првиот трофеј по пет години, бидејќи ќе игра против Реал Сосиедад во финалето на Купот на Кралот на 18 април во Севиља.











