• Иван Димовски
Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта во своето последно јавно обраќање откри дека за клубот веројатно заврши трансфер периодот, барем што се однесува на купување играчи.
Претседателот на клубот кажа дека можеби ќе си заминат играчи од позициите кои се пренатрупани во тимот, но не и носителите на играта.
„Во принцип нема повеќе да има трансфери. Имаме тим и тренер кој сака да го засили ростерот со момчиња од Б-тимот, но моментално не се очекуваат други засилувања. Ќе се обидеме да избегнеме продажба на важните играчи. Нема да споменувам имиња, бидејќи сите се играчи на Барселона, а ние сме задоволни од комплетната слика“, изјави Лапорта.
Досега Барселона ова лето направи „само“ три трансфери. Во тимот пристигнаа голманот Жоан Гарсија, младиот шведски офанзивец Рони Баргдџи и англискиот напаѓач Маркус Рашфорд.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


