• Иван Димовски

Македонскиот прволигаш Беса од Добридол убедливо триумфира во дуелот со штипскиот второлигаш Брегалница со 4-1 (3-1) на тест натпревар во склоп на зимските подготовки.
Успеа Брегалница прва да стигне до гол, поведе преку Амир Фејзулаи со гол за 0-1 во деветтата минута. Набргу потоа Арсим Љамаљари донесе израмнување (1-1) седум минути подоцна.
Во продолжението на првиот дел своите премиерни голови ги постигна Влатко Стојановски. Македонскиот напаѓач прво погоди од игра во 21. минута, а потоа реализира и најстрога казна за 3-1. Во вториот дел со автоголот на Хаџи-Кимов беше поставен и конечниот резултат.
На стартот на втората полусезона на ПМФЛ екипата на Беса ќе гостува кај Воска Спорт, додека Брегалница во второлигашкото друштво оди на гости во Победа.