Првенство за паметење: Ламин Јамал избран за најдобар млад играч на ЕП

Младата шпанска ѕвезда Ламин Јамал беше еден од хероите на Шпанија во походот и освојувањето на трофејот на Европското првенство. 17-годишното момче беше асистент и во финалето против Англија, во победата на „фуријата“ од 2-1.

Поради четирите асистенции и постигнатиот погодок во полуфиналниот натпревар против Французите, Јамал беше одбран за најдобар млад фудбалер на првенството.

УЕФА ги увиде и награди одличните игри на Ламин Јамал кој асистираше против Хрватска, Грузија, Германија и Англија, а постигна гол против Франција.

Најдобри стрелци на турнирот се Дани Олмо од Шпанија, Хари Кејн од Англија, Џамал Мусиала од Германија, Коди Гакпо од Холандија, Иван Шранц од Словачка, Георгес Микаутѕе ид Грузија.