ВИДЕО: Првенец за Тиквеш, Шкупи единствен без бодови во ПМФЛ

Екипата на Тиквеш по шест кола го скрши мразот и со победа над Шкупи (1-0) дојде до првиот триумф во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), додека чаирчани имаат шест порази на шест меча и се единствени без бодови.

Голманот Гроте имаше феноменален меч, имаше единаесет рекордни интервенции на мечот, ги полуде играчите на Тиквеш, но едно невнимание го реши победникот. Германецот бранеше шанси на Ивановски, Миловановиќ, Стојков, Стојкоски и Мојсов, но заради една грешка на одбраната, гостинот остана без бодови.

Течеше 27 минута, кога Ричков погреши и му додаде топка на Тодоров. Тој веднаш го забележа Берат Садик, кој го проигра и тој успеа да ја стресе мрежата на „гулабите“. До крајот на првиот дел, можност за гостите да израмни имаше новото засилување и дебитант Марио Станковски.

Во вториот дел и двата тима имаа повеќе шанси, но мрежите мируваа. Виновник за тоа кај Шкупи беше голманот Гроте кој му фати три шанси на Ивановски, додека на спротивната страна, добра реакција имаше голманот Стевковски кој спречи двапати добри обиди на ривалот и ги покажа своите квалитети. Пред крајот на мечот, Шкупи остана и без голманот Гроте затоа што доби директен црвен картон заради груб старт врз Садик.

Тиквеш со оваа победа скокна на деветтото место со пет бода, во следното коло го чека гостување кај Тиквеш. Шкупи, пак, кој е последен со шест порази на шест меча, ќе ѝ биде домаќин на Македонија ЃП.