ВИДЕО: Првенец за Давор Здравковски во шкотски Мадервел

Македонија доби уште еден стрелец во најдобриот шампионат во Шкотска. Давор Здравковски реализира за Мадервел и така влезе во друштво на Бојан Миовски од Абердин.

Мадервел дојде до триумф над Рос Каунтри (5-1), а Здравковски влезе од клупата за резерви пред финишот и реализира. Плејмејкерот доби топка во казнениот простор во 90. минута и лесно ја стресе противничката мрежа.

За Давор Здравковски ова беше прв гол во дресот на шкотскиот клуб.