Првата голема битка во Украина за Суперкуп трофејот

Во среда на програмата е големото украинско дерби во фудбалот – популарното Класичне. На Олимпискиот стадион во Киев се среќаваат Шахтјор и Динамо во борба за трофејот во Суперкупот. По 193-ти пат овие ривали ќе ја одмерат силата, а со 82 триумфи досега поуспешен е тимот од главниот град.

По девет одиграни средби Динамо не знае за пораз. Запиша седум победи и едно реми во првенството и во Лигата на шампионите. По четири години во сенка на лутиот ривал, се чини дека предводен од екс-тренерот на Шахтјор, Мирчеа Луческу, тимот е на добар пат пак да ја врати доминацијата во Украина.

Сите квоти во МОZZART за натпреварот Шахтјор - Динамо Киев

Од друга страна, Шахтјор поради квалификациите за елитното натпреварување одигра четири натпревари повеќе. На вкупно тринаесет, само четири пати не дојде до победа. Непријатно е изненаден во дуелите со Олександрија во првенството и против Шериф Тираспол во Лигата на шампионите. Роберто де Зерби добро го почна мандатот во Доњецк, ама тоа ќе мора да го потврди во борбата за трофеј.

Италијанецот ќе биде на голем испит во своето прво дерби Класично против човекот кој на неговата позиција мина дванаесет години. Луческу осум пати го освојуваше Суперкуп трофејот, па и минатата сезона со Динамо. На клупата на Шахтјор беше и во 2004 година, кога се водеше првата борба за овој пехар во историјата.

Досега големите ривали играа тринаесет пати еден против друг во Суперкупот. Динамо славеше осум пати, додека Шахтјор го држеше трофејот во пет наврати. Во сезоната зад нас украинските клубови кои важат за најуспешни трипати ги одмерија силите. Динамо победи двапати. Од последните десет дербија, само еден заврши без победник, додека составот од Доњецк има една победа повеќе.