• Мартин Танасковски
Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, не тренираше со тимот поради последиците од ударот кој го доби на натпреварот против Жирона.
Францускиот напаѓач заработи неколку конци на веѓата по удар со лакт од Витор Реис во финишот на натпреварот, во ситуација во која „кралскиот клуб“ бараше да биде досуден пенал. Поради непријатноста и како превентивна мерка, Мбапе доби поштеда од тренинг.
Сепак, неговото учество во реваншот против Баерн Минхен не е доведено во прашање.
Натпреварот од четвртфиналето на Лига на шампиони ќе се одигра во Минхен, а Реал ќе се обиде да ја надомести негативата од 1-2 од првиот дуел.




